среда, 31 октомври 2007 г.
Време: Ваучерите за компјутери до 10 ноември
Извор: А. П. (31.10.2007). Ваучерите за компјутери до 10 ноември. Време.
Утрински: Факултетите до петок ќе ги подигаат ваучерите за компјутери
Министерот за финансии Трајко Славески ја исклучува можноста за фалсификување на вредносните бонови од 12.300 денари
Државните и приватните факултети најдоцна до петок од Министерството за финансии ќе можат да ги подигнат ваучерите за студентите од завршните години на студии, кои се наменети за набавка на компјутери. Некои од високообразовните институции, како што информираше министерот за финансии Трајко Славески, почнале да ги подигаат ваучерите уште од завчера. Но, на вчерашната средба на министерот со ректорите на високообразовните државни и приватни универзитети е договорено подигањето да заврши заклучно до петок до 12 часот. Овој рок, според Славески, е договорен за да им се остави на факултетите повеќе простор да ги поделат ваучерите. Студентите, кои прв пат запишале завршна трета или четврта година, како и студентите кои се евидентирани како лица со хендикеп, ќе можат да ги подигаат ваучерите почнувајќи од 1 ноември, а министерот им препорача на ректорите распределбата да заврши до 10 ноември.Владата одлучи да подели околу 10.000 ваучери, секој со поединечна вредност од 12.300 денари, со кои студентите од завршните години можат да набават компјутери од фирми кои претходно ќе се пријават дека се заинтересирани за продажба на компјутери за студентите преку бонови. Досега се пријавени околу 50 компании кои се заинтересирани и кои потврдиле дека ги исполнуваат условите за продажба на компјутерска опрема. Компаниите имаат рок најдоцна до 6 ноември да аплицираат дека се подготвени да се вклучат во проектот. Студентите ќе можат да ги искористат ваучерите и да купат компјутер до 15 декември. Компаниите, пак, кои ги исполниле условите ќе ги достават ваучерите заедно со фискалната сметка до Генералниот секретеријат на Владата најдоцна до 22 декември за да може до 27 декември да ги подигнат парите во висина од 12.300 денари, колку што е вредносниот бон.
Министерот за финансии Трајко Славески ја исклучува можноста за фалсификување на ваучерите, бидејќи, како што истакнува, вредносниот бон бил заштитен со сите видови заштита, поради што не се очекуваат злоупотреби.
„Со веб-апликацијата за која се известени факултетите и универзитетите докрај ќе се обезбеди заштитата, зашто контролата е на максимално можно ниво. На ваучерот постои место каде што се впишува и бројот на личната карта на корисникот“, изјави вчера министерот Славески.
Министерот не знае која фирма ги изработила ваучерите. Бидејќи сумата на набавката била мала под 3.000 евра, не било потребно да се распишува јавен повик, туку од осум компании било побарано да достават понуди, при што бил избрана најповолната, но која, Славески не е информиран.
Извор: В.Г. (31.10.2007). Факултетите до петок ќе ги подигаат ваучерите за компјутери. Утрински.
петок, 26 октомври 2007 г.
Време: Ќе се формира секретаријат за информатика
Извор: (26.11.2007). Ќе се формира секретаријат за информатика. Време.
недела, 21 октомври 2007 г.
Вечер: Апсолвентски подарок од Владата
- Идејата е студентите да се екипираат со потребна опрема за подобра комуникација преку информатичката технологија. Се договоривме како и каде студентите да ги подигнат ваучерите за да имаат доволно време да се одлучат каде да ги набават компјутерите, изјави по средбата ректорот на Универзитетот "Св.Кирил и Метдодиј", Ѓорѓи Мартиновски.
Сите студенти што ќе добијат ваучери имаат рок до 15 декември да одберат фирма од каде ќе ги купат компјутерите. Досега во Министерството за финансии се пријавени околку 50 фирми од земјата кои продаваат компјутери и од каде ќе можат да се набавуваат, така што студентите ќе имаат голем избор.
- Имаме одлична соработка со факултетите и оптимисти сме дека проектот успешно ќе биде реализиран. Нашата препорака е ваучерите да бидат распределени на студентите до 10 ноември, велат од Владата.
Целиот проект чини 2 милиони евра, пари кои се веќе определени во буџетот. Како што најавуваат од Владата, според пазарните цени со ваучерот може да се купи добар компјутер со извесна доплата од студентот за екран кој може да се набави за мали пари.
Ваучерите се заштитени од можни манипулации прво преку хартијата, а потоа и со веб-апликацијата, а постои и место на ваучерот каде се впишува бројот на личната карта на студентот.
Извор: М.Г. (21.10.2007). Апсолвентски подарок од Владата. Вечер
среда, 19 септември 2007 г.
Нова Македонија: Телеком да ги врати парите на граѓаните!
Извор: К. Манев. (19.9.07). Телеком да ги врати парите на граѓаните!. Нова Македонија.
вторник, 18 септември 2007 г.
Дневник: Камерите во болниците ја нарушуваат приватноста
- Сметаме дека камерите сепак се премногу агресивно средство за да се постигне саканата цел. Никако не смеат да се снимаат шалтери и други чувствителни места во болницата, бидејќи може да се наруши приватноста на пациентите. Ќе предложиме, ако е можно, со камерите да се постигне таква резолуција на снимката со која нема да може да се идентификуваат пациентите - вели директорката на Дирекцијата, Маријана Марушиќ.
Портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, најави дека ќе се снимаат влезови, шалтери и чекалници во болниците, односно сите места што и сега се јавни. Во врска со одлуката за поставување видеомониторинг во сите јавни здравствени установи, министерот за здравство Имер Селмани објаснува дека тоа е пракса во сите болници во светот, но нагласува дека нема да се снимаат местата каде ќе што се врши преглед на пациенти.
Во Дирекцијата велат дека досега никој од Министерството не им се обратил за мислење.
Паричните казни за повреда на личните податоци се од 50.000 денари, за физички, до 300.000, за правни лица.
- Бидејќи сме се' уште во транзиција, казните за повреда на личните податоци ќе се изрекув
Извор: Љ.Б. (18.9.07). Камерите во болниците ја нарушуваат приватноста. Дневник.
Нова Македонија: Македонија прва ќе обезбеди компјутер за секој ученик
Најамбициозниот потфат на македонската Влада кој што е преземен досега, ќе ги стандардизира сите училишта околу единствена технолошка платформа „Компјутер за секое дете“, проект на македонското Министерство за образование и наука, согласно кој ќе бидат инсталирани 180.000 работни станици овозможени преку НЦомпутинг, што ќе овозможи секој ученик од основно и средно училиште да се обезбеди со сопствен компјутер во училницата, пренесуваат светските портали.
“Иницијативата „Компјутер за секое дете“ е најголемиот и најважен образовен проект преземен во 15-годишната историја на независна Македонија. Нашата цел е да изградиме економија базирана врз знаење во која целокупната работна сила ќе биде едуцирана да да ја користи информатичката и комуникациската технологија во наредните пет години, ја пренесува германскиот портал „Ад-хок Њуз“ изјавата на македонскиот министер без ресор задолжен за информатичко општество Иво Ивановски. Според него, како што објавува германскиот портал, „како и многу училишни системи во светот, така и македонскиот образовен систем сепак има ограничени финансиски и инфраструктурни извори за да одговори на предизвикот“. Со прифаќање на компјутерската технологија со ниски трошоци НЦомпутинг, Македонија ја презема водечката улога во обезбедувањето компјутерско образование за училишните деца.
Извор: (18.9.2007). Македонија прва ќе обезбеди компјутер за секој ученик. Нова Македонија.
вторник, 21 август 2007 г.
Вечер: За пиратите казна и до 10.000 евра
Секој кој би ги прекршил авторските права ќе подлежи на глоба - минимален износ за правно лице е 2,5 илјади евра, а максимален до 5.000 евра. Зголемени се и износите за законскиот максимум за користољубие, кој изнесува 10.000 за правно лице и 6.000 евра за физичко лице, како и одговорните - трговец поединец и поединец кој врши самостојна дејност. Тоа би значело дека било кој вид пиратерија би можело пиратите да ги чини и 6.000 евра. Минималната глоба за физичко лице е зголемено на 1.000 евра, односно 1.500 евра на одговорното лице на правниот субјект , додека максимумот изнесува и до 3.000 евра.
Со заложбите на Владата за забрзување на административните постапки намален е рокот за давање согласност на актите на здруженијата за колективно остварување на 30 дена.Извор: Б.Г. (21.8.2007). За пиратите казна и до 10.000 евра. Вечер.
Време: Избрани најдобрите фирми за интернет-пристапот вајмакс
Извор: Р. П. (31.8.2007). Избрани најдобрите фирми за интернет-пристапот вајмакс. Време.
Време: Триесет понуди за безжичен Интернет на регионално ниво
Извор: (21.8.2007). Триесет понуди за безжичен Интернет на регионално ниво. Време.
| | ||