Се прикажуваат објави со етикета е-образование. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета е-образование. Прикажи ги сите објави

петок, 8 август 2008 г.

Вечер: Се реновираат и компјутеризираат училиштата во Прилеп

Се реновираат и компјутеризираат училиштата во Прилеп

Во единаесетте прилепски основни и во дел од средните училишта во пресрет на новата учебна година летово ќе се решаваат проблемите со санитарните јазли, огревот и компјутеризацијата, за што од Министерството за образование се одвоени над 9 милиони денари, јави МИА.

Најмногу, два милиона денари се за реновирање на санитарните јазли во Основното училиште „Круме Волнароски“ во Тополчани. Над еден и пол милион денари се за зафатите во градските основни училишта „Добре Јованоски“ и „Климент Охридски“.

По еден милион денари се вложуваат во средното хемиско и во економското училиште. Во другите училишта финансиските вложувања се помали, но и со нив целосно се решаваат проблемите - изјавил Марјан Матракоски, советник за образование во локалната самоуправа.До крајот на летото тој најавува и други интервенции во училишните згради. Матракоски информира дека уште пролетта се распишани тендерите и се набавени потребните количества јаглен, дрва и нафта.

Паралелно со ова, завршува компјутеризацијата во петте средни училишта, во кои се инсталирани околу две и пол илјади компјутери со владината програма „Компјутер за секое дете“. Летово се работи на електричната инсталација во 11 основни училишта, во кои ќе се вмрежат повеќе од 3.000 компјутери.

Извор: (14.7.2008). Се реновираат и компјутеризираат училиштата во Прилеп. Вечер.

петок, 25 јули 2008 г.

Вечер: Компјутери за деца со оштетен вид и слух

ДОНАЦИЈА КОСМОФОН

Штитениците на Државниот училишен центар за образование и рехабилитација на деца со оштетен слух "Партенија Зографски" од Скопје, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух "Кочо Рацин" во Битола и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид "Димитар Влахов" во Скопје ќе добијат 35 компјутери, донација од КОСМОФОН. Целта на овој хуман гест е да се подобрат условите на часовите по информатика во овие установи, а специјалниот софтвер кој ќе биде инсталиран во компјутерите наменети на училиштето "Димитар Влахов", ќе овозможи нивно користење од страна на децата со тешко оштетен вид. Од КОСМОФОН потенцираат дека ќе продолжат со спроведување на проекти за подобрување на ИТ инфраструктурата во земјава, со посебен акцент врз грижата за децата и нивното образование.

Извор: (25.07.2008). Компјутери за деца со оштетен вид и слух. Вечер.