Се прикажуваат објави со етикета Дигитална телевизија. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Дигитална телевизија. Прикажи ги сите објави

среда, 9 септември 2009 г.

Време: „Космофон“ ќе остане без телевизија?

Агенцијата за електронски комуникации следната недела ќе ршава дали да му ја одземе лиценцата на „Космофон“, откако компанијата ги проби роковите и не задоволи со комерцијалниот почеток на проектот дигитална телевизија. Перо Ивановски, директор на агенцијата за електронски комуникации, вели дека деновиве ќе се испитуваат причините за доцнењето. - Следната недела ќе се знае крајниот ефект. Агенцијата ќе ги разгледа сите доставени мислења од нивна страна во врска со причините за ненавремено почнување на услугата за дигитална телевизија, и потоа ќе изградиме став дали би се одзела дозволата или не - вели Ивановски. „Телеком Словенија“ преку „Космофон“ во петокот требаше да почне да емитува дигитална ТВ-програма, но место тоа раководството објави само дека ќе пушти тест-сигнал за 500 домаќинства. „Телеком Словенија“ во одобрението на агенцијата за електронски комуникации се обврзал дека ќе почне да емитува дигитална телевизија во рок од 90 дена од добивањето на лиценцата и дека ќе покрие 428 илјади домаќинства. Место тоа, компанијата ги проби роковите најавувајќи дека влегува во тест-период, а за доцнењето се правдаше со кризата. Дека од почеток целата процедура е водена погрешно покажува и иницијативата што пред Уставен суд ја води Центарот за развој на медиуми повикувајќи се на не надлежност на Агенцијата за електронски комуникации.

среда, 27 мај 2009 г.

Нова Македонија: „Телеком Словенија“ ќе ги спои „Космофон“ и „Он нет“

- Процесот на спојување и на менување на брендот нема да се случи преку ноќ - рече Дремељ.

Тој најави дека ќе се инвестираат 30 милиони евра во дигитална телевизија и дека „Телеком Словенија“ на македонскиот пазар наскоро ќе нуди пакет 4-плеј услуги (фиксна и мобилна телефонија, телевизија и Интернет).

Во словенечката компанија, која од неодамна е нов сопственик на „Космофон“, велат дека главна цел е мобилниот оператор да стане лидер во телекомуникацискиот сектор во земјава, да продолжи да се развива врз постојната платформа без големи промени. Во однос на можни отпуштања со најавената синергија меѓу „Он нет“ и „Космофон“, Дремељ информира дека во двете фирми има околу 400 вработени и додаде дека нивната цел е раст и развој, а не редуцирање.

- Не планираме да го намалиме бројот на вработените, бидејќи тоа нема да нé носи кон развој, но не велам дека некои луѓе нема да си заминат - рече Дремељ.

понеделник, 27 април 2009 г.

Вест: "Телеком Словенија" победи на тендерот за дигитална телевизија

"Телеком Словенија" победи на тендерот за пренос на дигитални телевизиски услуги преку јавна комуникациска мрежа (ДВБ-Т) на територијата на Македонија.
Агенцијата за електронски комуникации соопштио дека "Телеком Словенија", според условите на тендерот треба да овозможи покриеност на целата територија на Македонија во рок од една година со што ќе овозможи пренос на триесет телевизиски програми со многу висок квалитет. За ова треба да се инвестираат околу десет милиони евра.
Телеком Словенија ќе треба да инвестира околу 20 милиони евра во дигитални приемници/декодери кои бесплатно ќе им се доделуваат на домаќинствата.

четврток, 5 март 2009 г.

Дневник: „Телеком Словенија“ загреан за „Космофон“ и за дигитална телевизија

Словенците се подготвени да платат преку 250 милиони за мобилниот оператор и да инвестираат 33 милиони евра во дигитална телевизиска мрежа
„Телеком Словенија“ е заинтересиран да го купи мобилниот оператор „Космофон“ и да отвори дигитална телевизија во земјава.Според Бојан Демељ, претседател на управата на компанијата, до идниот четврток ќе ја достават понудата за „Космофон“, кој од сопственикот, грчки ОТЕ е проценет од 250 до 300 милиони евра. Словенечкиот телеком како единствен кандидат на јавниот повик за радиофреквенции за пренос на дигитална телевизија преку јавна предавателска мрежа (ДВБ-Т) најавува инвестиција од 33 милиони евра ако ја добие дозволата.- Со „Космофон“ ќе ја засилиме позицијата во Македонија, каде што сме веќе присутни преку „Он-нет“. На корисниците ќе им понудиме ковергирани фиксни мобилни услуги, кои ќе вклучуваат широкопојасен интернет со фиксна и мобилна телефонија и телевизија преку интернет протокол. Со мрежата на „Космофон“ ќе можеме да ги нудиме овие услуги без пречки од „Македонски телеком“ - вели Демељ.Во словенечкиот телеком велат дека се одлучни да го купат „Космофон“, но ако не успеат во тоа тогаш ќе работат како виртуелен мобилен оператор во земјава. Главни конкуренти на Словенците се турските „Турк телеком“ и „Туркцел“, како и „Мобилком Австрија“, кој во земјава го поседува мобилниот оператор „Вип“.Демељ најавува дека летово ќе почне да поставуваат дигиталната телевизиска мрежа со која ќе покријат 80 отсто од населението за 12 месеци. Преку „Он-нет“ ќе обезбедат за секое домаќинство бесплатен ресивер (сет-топ бокс) за прием на дигиталниот телевизиски сигнал.„Телеком Словенија“ е во доминантна државна сопственост. Словенечката влада има нешто повеќе од 50 отсто од капиталот, уште 25 отсто поседуваат два државни пензиски фонда, а остатокот е кај странски инвестициски фондови, малцински акционери и вработените. „Телеком Словенија“ е водечка телекомуникациска компанија во оваа поранешна југословенска република и е присутна на пазарите во Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Албанија и Македонија.
Извор: (05.03.2009). „Телеком Словенија“ загреан за „Космофон“ и за дигитална телевизија. Дневник.

четврток, 5 февруари 2009 г.

Дневник: „Телеком Словенија“ единствен кандидат за дигитална телевизија

„Телеком Словенија“ е единствената компанија што достави понуда на јавниот конкурс за радиофреквенции за пренос на дигитална телевизија преку јавна предавателска мрежа (ДВБ-Т). На вчерашното јавно отворање на понудата во Агенцијата за електронски комуникации беше утврдено дека кандидатот ја доставил потребната документација за дозволата што се издава за период од десет години.

Словенечкиот телеком е сопственик на македонската компанија „Он нет“, која веќе најави дека е подготвена да вложи околу 30 милиони евра во дигитална предавателска мрежа и за набавка на околу 500.000 декодери, кои бесплатно ќе им ги подели на граѓаните. Но, за следење на програмите граѓаните ќе мора да плаќаат месечна претплата.

- Комисијата на Агенцијата најдоцна до 30 март ќе ја додели дозволата - изјави Јане Јакимовски, претседател на Комисија за набавки.Ако Комисијата се изјасни позитивно, „Телеком Словенија“, за дозволата, покрај понудената цена, која ќе биде објавена по конечната одлука, ќе треба да плати и еднократен паричен надомест од 300.000 евра.

Според условите од конкурсот, избраната компанија треба да обезбеди минимална покриеност на домаќинствата од 80 отсто и локализација на македонскиот јазик за период од една година, како и задолжителен пренос на постојните национални електронски медиуми.За да стигне дигиталниот сигнал до домаќинствата, неопходно е секое семејство да има дигитален телевизор или декодер, кој ќе направи декомпресија на сигналот за да може да го гледаат на постојните аналогни телевизори. Еден декодер чини 30-60 евра. Дигиталниот ТВ-сигнал ќе се прима преку собна антена.

Според регулативата на ЕУ, целосниот премин од аналогно на дигитално телевизиско емитување треба да се заврши до 2012 година. Кај нас овој рок е продолжен до 2015 година. До тогаш, сите радио- и телевизиски станици треба да прекинат да емитуваат преку сопствените аналогни предаватели. ТВ-сигналот ќе се пренесува само преку оператори на дигитални предавателни мрежи.

Македонија има одобрение за 9 мултиплекс радиофреквенциски канали за пренос на дигитални телевизиски сервиси. Државата засега ќе искористи само три. Од нив, според програмата за дигитализација на земската телевизија, еден мултиплекс канал ќе добие јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“, а другите ќе се распределат на конкурс.

Извор: (5.2.2009). „Телеком Словенија“ единствен кандидат за дигитална телевизија. Дневник.