четврток, 3 јули 2008

Вест: ДУП-ови од Гази Баба на Интернет

Општина Гази Баба постави дванаесет детални урбанистички планови на општинската веб страница. Граѓаните ќе можат на Интернет да најдат податоци за одредени локации за кои се заинтересирани.
На Интернет жителите ќе можат да ги видат ДУП-овите за Ќерамидница, и тоа за урбаните блокови 1, 2 и 3, потоа ДУП-от за дел од Маџари 2, локалитет Камник урбан блок 1, како и ДУП -от за изменување и дополнување на дел од месна заедница Маџари, урбан блок 3/1. Тука ќе може да се разгледаат и ДУП -овите за месна заедница Триангла и локалитет 2 од истата, ДУП -от со измена и дополна за дел од месната заедница Крсте Мисирков, урбан блок 4, како и ДУП -от за месната заедница Железара, локалитет А и Б.
Од Гази Баба велат дека Интернет ДУП-овите нема да служат како официјален документ и оти извод од истите ќе се издава како и досега во Секторот за урбанизам.
Оттаму најавуваат поставување на сите останати ДУП-ови на Интернет порталот на Гази Баба.
Извор: Б.Б. (03.07.2008). ДУП-ови од Гази Баба на Интернет. Вест.

Нема коментари: