сабота, 5 јули 2008

Дневник: Аеродром отвори интернет-шалтер

Општина Аеродром воведе Граѓански сервис-центар на својата официјална интернет-страница.Преку овој центар граѓаните ќе може да пополнат барање и да пријават проблеми од сите сфери на работењето на општината. Системот ќе биде достапен 24 часа, а граѓаните ќе добијат одговор на поднесеното барање најдоцна за 48 часа. Во меѓувреме, дежурните служби ќе излегуваат на терен да направат увид на состојбите.Од Општината известуваат дека граѓаните ќе може да ги користат услугите на нивната страница *њњњ.аеродром.гов.мк, односно линкот „Граѓански сервис-центар - поднеси барање“ Таму ќе може да ги внесат личните податоци и начинот на кој сакаат да бидат известени за барањето и неговото извршување. Во меѓувреме ќе имаат можност да го проверат своето барање и да видат дали решавањето е во тек. Проектот е спроведен со донација од амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија.

Извор: (5.7.08). Аеродром отвори интернет-шалтер. Дневник

Нема коментари: