среда, 27 мај 2009

Вечер: Стипендии и бесплатен лап топ за идните студенти

Европскиот универзитет води сметка за долгорочните интереси за образованието во рамките на вкупниот општествен систем, за потребите на матурантите и студентите и влегува во период кога прави сериозни анализи за условите во кои може да се одвива студирањето во Македонија.
- Во овој период најмногу се мисли на светската економска криза, која на свој начин има видливо влијание врз стандардот и платежната способност на луѓето во Македонија, односно врз родителите кои во основа треба да го платат студирањето на нивните деца . Поради тоа преземаме чекори кои ќе го овозможат олеснување на условите за запишување и некои други активности за да им излемеме во пресрет на младите луѓе кои сакаат да го продолжат своето образование на нашиот универзитет - вели Живко Андревски, декан на Првиот приватен универзитет Европски универзитет Република Македонија.

Андревски вели дека универзитетот и понатаму ги унапредува условите и околностите што досега се застапени, нуди квалитет во рамкте на наставата, предавањата, вежбите, консултациите, вкупниот однос кон студентите.
- Студентите за нас секогаш ќе бидат први. Први во поглед на нивното знаење, здравје среќа и живот во текот на целата академска година и во текот на целото студирање, како и подоцна на оние кои ќе продолжат на вториот циклус на студирање и докторските студии, како и кон оние кои по завршувањето ќе бараат соодветни работни места, формализирани низ центарот за кариера, но и низ други форми на комуникација кои ги има универзитетот со бизнис заедницата - напомена Андревски.

Оваа година, рече деканот на Европскиот универзитет, ќе соработуваме со медиумите за потребите на насоката комуникација и медиуми, за вработување на студентите кои завршуваат на насоката јавна администрација на Правниот факултет, годинава ќе имаме дипломирани студенти од Арт и дизајн, кои исто така ќе бараат насочување во животот.
- Во поглед на запишувањето на идните студенти, ние веќе имаме објавено конкурс за доделување 1000 стипендии за прв циклус - додипломски студии и 500 стипендии за втор циклус. За идните студенти кои во овој период ќе потпишат преддоговор за студирање, првата студиска година ќе изнесува 1500 евра, наместо досегашните 2000 евра школарина - истакна Андревски.

Во, меѓувреме универзитетот прави пресметки за други варијанти на понуда за идните студенти, кои ќе можат да се определат за уште една опција.
- Втората варијанта е студентите да платат 2000 евра школарина, а за возврат да добијат бесплатен лап топ, униформа, електронска верзија на сите потребни учебници, а се прават и варијанти за бесплатни индекси и уште неколку поволности - додаде професорот Андревски.

Тој, напомена дека универзитетот ќе ги отвори вратите за постојано посетување на кандидатите и нивните родители, да се запознаат со условите за студирање и како и за непосредно запознавање со наставничкиот кадар.
- Исто така ќе го активираме и нашиот студенти потенцијал. Сакаме нашите студенти на своите идни колеги објективно и низ нивна гледна точка, да им кажат колку се задоволни од досегашниот тек на нивното студирање на Европскиот универзитет, за условите на студирање. Сакаме нашите идни студенти изворно и автентично да се запознаат со тоа што ги очекува во текот студирањето - истакна деканот Андревски.

Како што најави тој, наскоро ќе биде објавен конкурсот за запишување на идните студенти.
- Уписите објективно можат да почнат по објавување на конкусот. Тој ќе биде објавен во весникот Вечер, така што читателите навреме ќе бидат информирани - потенцираше Андревски.

Извор: (27.05.2009). Стипендии и бесплатен лап топ за идните студенти. Вечер.


Нема коментари: